Со што сѐ ќе може да управува Владата во следните 30 дена?

По барање на Владата, врз основа на договор склучен со Центарот за управување со кризи или доброволно, можат да се употребат и ресурсите на граѓаните и други правни лица кои не се опфатени во ставот 1 на овој член.

1,929

Советот за безбедност денеска одлучи да се прогласи кризна состојба во земјава како резултат на влошената состојба во борбата со коронавирусот. Покрај другото решено е Владата да управува и со приватните здравствени установи што е регулирано и со членот 33 од Законот за управување со кризи.

Според Законот за упавување со кризи, член 33, во прогласена кризна состојба Владата управува со државните, но може да побара да управува и со приватни ресурси и ресурси во сопственост на граѓаните.






  1. Во случај на кризна состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи и служби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба, во согласност со закон.
  2. По барање на Владата, врз основа на договор склучен со Центарот за управување со кризи или доброволно, можат да се употребат и ресурсите на граѓаните и други правни лица кои не се опфатени во ставот 1 на овој член.
  3. Дневниот надоместок за користење на ресурсите од ставовите 1 и 2 на овој член изнесува до 30% од просечната месечна нето плата по работник во Републиката објавена од Државниот завод за статистика во месецот пред давањето на ресурсите, а надоместокот за нивно оштетување или уништување не може да биде помал од пазарната вредност на средството, што истото ја имало во времето кога е оштетено или уништено, определена врз основа на елементите со помош на кои според обичаите во зависност од времето и местото на пазарот се утврдува пазарната цена.
  4. Евиденција за ресурсите од ставовите 1 и 2 на овој член води Центарот.
  5. Поблиски прописи за видот на ресурсите од ставовите 1 и 2 на овој член, за начинот на водењето на евиденцијата и за поблиско определување на висината на надоместокот за нивно користење, оштетување и уништување донесува Владата.
  6. Граѓаните, јавните претпријатија, трговските друштва и другите правни лица можат да се откажат од надоместокот за употреба на ресурсите по сопствено барање и со писмена изјава.

Одлуката на кризна состојба не може да трае подолго од 30 дена, а доколку има потреба да биде надминат овој период, односно состојбата да трае подолго, Владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба.

Поврзани содржини