СО ШТО ГО ЗАДОЛЖИЛЕ ФИЛИПЧЕ ЗА ДА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ОГРАДИ ОД ЗАЕВ? Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ знаел за криминалите на Груби

Филипче и СДСМ не се извинуваат на граѓаните и се препелкаат во политичкото мочуриште затоа што се соучесници во епскиот криминал на Груби и ДУИ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

277

Филипче да каже со што толку многу го задолжиле Заев и Груби што не сака и не смее да се огради  и да се оттргне од Заев, порачува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Според ВМРО-ДПМНЕ „Филипче и СДСМ се заложници на Груби и не смеат да ѝ се извинат на јавноста поради тоа што дозволија милионски криминал од Артан Груби“.

„Филипче и СДСМ знаеја и молчеа додека Груби слободно ги крадеше народните пари. Филипче и СДСМ се соучесници во корупцијата, мегаломанскиот криминал и осиромашувањето на народот. Филипче и СДСМ не се извинуваат на граѓаните и се препелкаат во политичкото мочуриште затоа што се соучесници во епскиот криминал на Груби и ДУИ“, се вели во соопштението.






ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „Филипче и СДСМ цел месец го штитат Груби и тонат во политичкото мочуриште а рејтингот им се топи и е во слободен пад“.

„Филипче и СДСМ дозволија Груби да краде само паради тоа што единствен приоритет им беше да останат на власт. За СДСМ и Филипче терминот политичка одговорност е непознат, СДСМ е истата деструктивна партија која ја уништи државата и го осиромаши народот, како во времето на Ковачевски така и во периодот на Заев“, се додава во соопштението.

Поврзани содржини