СО ШТО ГО ЗАДОЛЖИЈА ФИЛИПЧЕ ЗА ДА НЕ СЕ ОГРАДУВА ОД АНДОН СТОЈКОВ? Од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговори за фотките на лидерот на СДСМ

Дали Филипче и СДСМ го поддржуваат Стојков и штитат криминалци и какви лични интереси имаат да го прават тоа? СДСМ е партија која ги штити криминалците и соработува со нив, Стојков е во присуство на Заев и Филипче и по приватни забави и настани, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

250

ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто лидерот на СДСМ Венко Филиоче неколку денови молчи за фотографиите со Андон Стојков, екс-лидерот на младината на СДСМ во Струмица, кој неодамна беше фатен со дрога во Штип. Во соопштение до јавноста ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Венко Филипче штити наркодилери.

„Од што се плаши Филипче па молчи? Венко Филипче и СДСМ неколку дена молчат и не се оградуваат од наркодилерот Андон Стојков, кој беше фатен со дрога.






Филипче да ѝ соопшти на јавноста зошто молчи и не се оградува од партискиот функционер, Андон Стојков кој на дело е фатен со дрога. Со што толку ги задолжил Андон Стојков СДСМ и Филипче што не се оградуваат од него?

Дали Филипче и СДСМ го поддржуваат Стојков и штитат криминалци и какви лични интереси имаат да го прават тоа? СДСМ е партија која ги штити криминалците и соработува со нив, Стојков е во присуство на Заев и Филипче и по приватни забави и настани.

СДСМ е партија која ги штити криминалците и соработува со нив, СДСМ не се огради ниту од Стојков, ниту од Јон Фрчковски, ниту од Груби и Филип Андов Сокол.

Јавноста ја виде вистината за СДСМ на дело, СДСМ е партија која обезбеди луксузни животи за своите елитистички кругови, додека народот тонеше во очај.

СДСМ е синоним за неспособност, предавства и криминал“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини