Со шлем на главата против рак на мозокот

Неинвазивни методи за лекување на рак сè повеќе се јавуваат во медицината. Една од нив е вакцината за рак на мозокот која успешно беше тестирана на луѓе, потоа CRISPR техниката за уредување на гените и третманот со дијареја, се само дел од тие нови методи.

845

За првпат во историјата имаме начин да го лекуваме ракот од дома, преку неинвазивна терапија, само со носење на шлем кој со магнетно поле го брка туморот, пишува IFL Sicence. Наодите од експериментот на Институтот Хјустон Методист покажале дека по само 36 дена кај пациент со агресивен карцином на мозокот, туморот бил намален за 31 отсто, а пациентот го носел шлемот два до шест часови во денот.

– Нашите резултати во лабораторија и со овој пациент отворија нов свет на неинвазивна и нетоксична терапија за карцином на мозок, со многу возбудливи можности за иднината – рече д-р Дејвид Баскин, автор на студијата.






Иако методата засега може да се користи само за глиобластом – тип на агресивен карцином на мозокот и на ’рбетот, тимот се надева дека таа може да биде проширена за секакви типови на карциноми. Натамошни експерименти со 53-годишниот пациент не можат да бидат правени, бидејќи тој ненадејно починал од повреда во главата неповрзана со карциномот, па ќе треба да се најдат нови доброволци за во иднина.

Но, зошто овој „онкомагнетен“ уред е толку успешен? Тој користи три пара магнети кои цело време ротираат и со тоа намерно го нарушуваат протокот на електрони во мозокот. Ова ги спречува електроните да влезат во митохондријата на клетките од туморот и потоа тие сами се убиваат, оставајќи ги здравите клетки неповредени. На магнетното поле реагираат само клетките од туморот кога создаваат свои соединенија, што значи дека здрава клетка не може да биде оштетена со овој метод.

Како инаку се лекува ракот на мозок денес? Најчесто со комбинација на хирургија, радиотерапија, хемотерапија и други скапи и напорни третмани. Нивната делумна успешност ги натера научниците да трагаат по нови решенија, а експериментот на докторите од Институтот Хјустон Методист ветува многу. Тој го намалил за скоро третина туморот кај пациентот за месец дена и тоа од удобството на неговиот дом.

Само две години е очекувањето дека ќе преживеат пациентите болни со глиобластом, а тие што ќе преживеат по пет години имаат шанса од само 4 отсто да продолжат да живеат. 53-годишниот пациент од експериментот поминал низ неуспешна операција, хеморадиотерапија и низ генетска терапија пред да го носи шлемот, но сите тие биле делумно успешни.

Неинвазивни методи за лекување на рак сè повеќе се јавуваат во медицината. Една од нив е вакцината за рак на мозокот која успешно беше тестирана на луѓе, потоа CRISPR техниката за уредување на гените и третманот со дијареја, се само дел од тие нови методи.

Поврзани содржини