СО СЕКИРА ИМ ВЛЕГОЛ ВО КАЗИНО И СИ ГИ БАРАЛ ПАРИТЕ ШТО ГИ ИЗГУБИЛ Касиерката му вратила 8.600 денари

Со оглед на тоа што напаѓачот и претходно бил осудуван, обвинителот предложи мерка притвор.

1,610

Основното јавно обвинителство во Битола поведе истражна постапка против 53-годишен жител на градот, осомничен за разбојништво, откако, според наводите, со секира се заканувал во казино на „Широк Сокак“ и насилно одзел пари од вработена.

Инцидентот се случил на 15 декември, кога осомничениот, револтиран поради парите што ги изгубил играјќи на слот-машини, побарал да му бидат „вратени“ 8.600 денари. Заканата не била само вербална – мажот извадил секира скриена под јакната и почнал да замавнува кон оштетената, ставајќи ѝ го животот во непосредна опасност.






Исплашена од неговото однесување, вработената ја отворила касата и му ги предала парите што ги барал. По тоа, осомничениот го напуштил казиното.

Имајќи ја предвид тежината на делото, начинот на извршување и фактот дека станува збор за лице со претходна осудуваност, јавниот обвинител оценил дека постои сериозен ризик од повторување на делото или од бегство. Поради тоа, до судијата на претходна постапка е поднесен предлог за определување мерка притвор.

Поврзани содржини