Со секира ја нападнал на спиење својата сопруга, а подоцна го нашле мртов во возило

534

Во 6.18 часот вчера било пријавено дека во населбата Дрма, скопско, во домот, В.Т.(61) со секира ја нападнал неговата сопруга П.Т.(57), додека спиела, по што со возило го напуштил местото на настанот.

П.Т. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.






Во 10.02 часот било пријавено дека во нива во населбата Дрма, во патничко возило „даеву ланос“, со скопски регистарски ознаки, бил пронајден починат В.Т., со повреда на вратот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини