„СО СДСМ РАСТАТ И ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ“ Посебно на полицајците и на војниците
Во Буџетот за 2024 година веќе се предвидени дополнителни 160 милиони евра за повисоки плати и дополнителни 170 милиони евра за повисоки пензии, најавува владејачката партија.
„Со СДСМ растат платите во сите сектори, работниците, граѓаните добиваат повеќе. Просечната плата СДСМ ја покачи на 39.000 денари, за 270 евра во однос на 2016 година. Со СДСМ 630 евра, со ДПМНЕ само 360 евра. Тоа е повеќе за сите“.
Вака се пофали денеска владејачкиот СДСМ, најавувајќи дека пклатите и пензиите ќе растат и во 2024 година.
„За вработените во МВР СДСМ ги зголемени платите за 35 проценти. Дополнително, исплатени се 6 бонус плати за одработени прекувремени работни часови. Ова значи вистинска грижа за вработените во полицијата и подобрување на социјалниот статус на полицијата, на дело“, се вели во партиското соопштение.
Партијата потсетува дека до 2016 година не биле исплаќани и вработените платите ги наплаќаа по судски пат, што беше и малтретирање на вработените во полицијата и оштетувања на државниот буџет.
„Во одбраната, професионален војник во време на ДПМНЕ во 2016 година примал 21.933 денари плата. Со СДСМ, во 2022 година месечните приходи на војниците драстично се зголемуваат, особено со законското решение на исплата на месечна станарина за сите и изнесуваат над 36.000 денари!
Од 2023 година, професионален војник добива уште поголем месечен приход, вкупно 45.979 денари, односно плата од 35.015 денари, плус скоро 11.000 денари за станарина“, се вели во соопштението, при што се потенцира дека згочлемувањето на примањата во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ е 110%.
„Со успешните економски политики на СДСМ, платите и пензиите ќе продолжат да растат и во 2024 година.
Во Буџетот за 2024 година веќе се предвидени дополнителни 160 милиони евра за повисоки плати и дополнителни 170 милиони евра за повисоки пензии“, најавува владејачката партија.
Од месец март следува ново покачување на минималната плата на 22.500 денари.