СО СДСМ БЕВМЕ НА РАБ НА БАНКРОТ Платите растат по само пет месеци власт, вели ВМРО-ДПМНЕ

252

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зголемува платите во повеќе области, по само 5 месеци власт. Со СДСМ бевме на праг на банкрот, а о само 5 месеци власт, Владата во договор со Сојузот на синдикати склучи историски договори за зголемување на платите во образованието за 46 отсто до крајот на мандатот, од 40 отсто до 50 отсто во здравството, а догодина ќе се зголемат платите и на административните работници, соопшти партискиот центар за комуникации.

„Пензиите на пензионерите, ќе се зголемени за 5000 денари. 2500 денари се веќе реалност, а 2500 денари на своите сметки пензионерите ќе добијат во март. Со мерката за ограничување на маржата за училишен прибор, на граѓаните им се намалија давачките за училишни прибори и реквизити за училиште. Со намалување на синдикалната кошничка, во одделот за храна и пијалоци, се намалија давачките на граѓаните за околу 1500 денари, или 18 илјади денари годишно за едно домаќинство. За разлика од 2023 година, во власт на СДСМ кога инфлацијата беше 9,4%, 2024 година со само 5 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ, инфлацијата ќе биде 3,5%, а проекциите за 2025 година се дека инфлацијата ќе биде на ниво од 2,5%“, се наведува во соопштението.






За разлика од криминалното владеење на СДСМ, Владата обезбедува плати за сите работници навремено, исплаќа субвенции кои власта на СДСМ поради лични причини, не им ги давале на земјоделците и враќа кредити кои врхушката на СДСМ ги има направено во име на државата, за кои и нашите поколенија ќе треба да ги плаќаат, велат од владејачката партија.

Поврзани содржини