СО РЕФЕРЕНДУМ ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДА СЕ ВРАТИ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ Иницијатива на Стопанската комора за енергетика

Ѓорги Манасков од Стопанска комора за енергетика вели дека веќе ја поднеле иницијативата за референдум до Државната изборна комисија и сега се чека на собранискиот спикер Талат Џафери. Тој смета и дека Македонија не е енергетски независна држава и оти тоа мора да се промени.

670

Преку референдум да се врати електро-дистрибутивната мрежа во државна сопственост, предлага Стопанската комора за енергетика, од каде велат дека нивнот предлог е клучен потег за енергетската стабилност на Македонија.

– Финансиите кои што изнесуваат скоро пола милјарда, ако не и повеќе, одат надвор од државата. Со тие пари ќе можеме да израдиме наши Чебрен и Галиште и хидроцентрали и со нив да ја балансираме струјата која што ќе доаѓа од фото-волтаици – изјави Ѓорги Манасков од Стопанска комора за енергетика на Македонија.






Манасков вели дека веќе ја поднеле иницијативата за референдум до Државната изборна комисија и сега се чека на собранискиот спикер Талат Џафери. Тој смета и дека Македонија не е енергетски независна држава и оти тоа мора да се промени.

– Капацитетите се мали, производството што го имаме од термоцентралите треба да се префрлат на гас за да можат понатаму да функционираат, да почнеме да ги градиме централите затоа што без хидроцентрали не можеме да ја балансираме електричната енегрија од фотоволтаиците и на тој начин, пред сè со референдумот, ако успееме да собереме 150.000 потписи што ни се многу битни – истакна Манасков.

Здравко Јосифовски од Независната угостителска комора вели дека државата мора да стави крај на повластувањата кои ги има добиено ЕВН, затоа што тоа прави угостителската индустрија повеќе да не е профитаблина.

– Денеска сме тука да ја поддржиме иницијативата, зашто начинот на кој се оденсува ЕВН воопшто не е коректен, поготово кон угостителската индустрија, бидејќи не може како повластен партнер прв да наплаќа пред било што да се случува и сметаме дека на таквите повластици кои што ги има добиено од државата крајно време е да им се стави крај – изјави Јосифовски.

Денеска се оддржа Петтата меѓународна конференција за енергетка, на тема независна и стабилна енергија во Македонија, на која се разговараше за идната стратешка соработка помеѓу државите во полето на енергетиката и надминување на проблемите со кои се соочуваме.

Поврзани содржини