СО РАТРAК СЕ ЕВАКУИРАЛЕ МЛАДИ ОД ШАПКА Со деца не можеле да се симнат со жичница од Водно

22,953

Поради лоши временски услови неколку млади денеска се засолнале во малата куќичка во ски лифтот Г-Стазата на Попова Шапка. Тие биле евакуирани со ратрак и се во добра здравствена состојба.

„Во 15:35 часот на бројот за итни повици 112 добиена е пријава од млади лица кои заглавиле во Попова Шапка и истите се наоѓле во малата куќичка која се наоѓа во ски лифтот Г – Стазата. Поради лошите временски услови силен ветер и снег и магла не можеле да се спуштат надолу бидејќи видливоста била ограничена само на неколку метри“, соопштија од ЦУК.

Поголема група граѓани, меѓу кои и деца денеска не можеле да се симнат од врвот на Водно со жичница поради силниот ветер. Од Центарот за управување со кризи информираат дека проблемот е надминат откако жичницата била повторно ставена во употреба.

„На телефонски број за итни повици 112 во 15:40 часот добиена е пријава од лице кое се наоѓало на Водно кај Крстот, каде известува за поголема група на луѓе меѓу кои и многу мали деца кои чекаат да се симнат по жичарата, меѓутоа поради големите ветрови на истите од страна на вработените на Жичарата не им е дозволено да се симнат со лифтот“, наведуваа од ЦУК.

За настанатата состојба ЦУК го известило одговорното лице од Град Скопје и ЈСП Скопје. По извршените контакти со одговорното лице, жичницата била ставена во функција и луѓето безбедно се симнале надолу до Средно Водно.

Од Град Скопје е известен и Црвениот Крст чии претставници се наоѓале на лице место и им помагале на луѓето безбедно да се симнат надолу.

Состојбата е надмината и временските услови се стабилизирани, соопштија од ЦУК.

Поврзани содржини