Одговарајќи на новинарско прашање, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, потврди дека од 9 септември со работа може да започнат и приватните градинки.
– Исто така и приватните гардинки може да започнат со работа, само доколку ги исполнуваат потребните критериуми од протоколот кој беше усвоен на 29 мај од страна на Комисијата за заразни болести, а кој беше утврден на влада – одговори министерката Шехпаска.