СО ПУШКА УБИВАЛ УЛИЧНИ КУЧИЊА! Масакр на улиците во Струга (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Организацијата Анима Мунди јавно апелира до Министерство за внатрешни работи и до Агенцијата за храна и ветеринарство итно да го преземат тоа што е во нивна надлежност за сторителот кривично да одговара за ова злодело.

7,821

Десетици маалски кучиња денеска во Струга се убиени со огнено оружје – објави организацијата за заштита на правата на животните Анима Мунди, заедно со видео-снимка на која се гледаат трупови на убиени кучиња натоварени на камион.

„Манијак, личност што не може да се нарече човек, охрабрен од нефункционалните институции и распадот на системот во оваа држава, одлучил утрово да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка. Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга“ – пишува Анима Мунди на својот профил на Фејсбук.






Од здружението реагираат зошто комуналната служба ги собрала убиени животни.

– Една служба што навидум личи на комунална, ги собира лешовите на невините животни за да ги фрли во депонија, подалеку од сечии очи со очигледна цел да се прикрие ова грозоморно убиство – посочуваат од Анима Мунди.

Организацијата јавно апелира до Министерство за внатрешни работи и до Агенцијата за храна и ветеринарство итно да го преземат тоа што е во нивна надлежност за сторителот кривично да одговара за ова злодело.

„Никој нема за право да одзиеме нечиј живот, никој нема право со пушка во раце да пролее невина крв, безмилосно да убие и да помине неказнето!“ – пишува Анима Мунди.

Поврзани содржини