СО ПУШКА СЕ ЗАКАНУВАЛ НА СОПРУГАТА И ДЕЦАТА Маж од Скопје кривично пријавен за загрозување на семејството

Скопјанец е пријавен за загрозување на семејната сигурност и неовластено поседување на пушка, по што полицијата одзеде оружје и куршуми, информира СВР Скопје.

107

Приведен скопјанец откако упатил закани кон својата сопруга и децата со пушка која ја поседувал без дозвола.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 56-годишниот С.К. поради сомнеж за „загрозување на сигурноста“ и „неовластено поседување и тргување со оружје или експлозивни материи“.






Полицијата информира дека при преземање на мерките од дома на осомничениот била одземена пушка калибар 9 мм и 71 куршум.

„Ваквите дејства се сериозна закана за семејната и јавната безбедност. СВР Скопје ги презема сите законски мерки за заштита на граѓаните и за санкционирање на сторителите“, соопштија од полицијата.

Поврзани содржини