СО ПУШКА ПУКАЛ ВО КУЧЕ НА ШИРОК СОКАК ВО БИТОЛА Стоел на балкон и стрелал

Настанот се случил во средата, а полицијата му ја одзела воздушната пушка. Известен е и јавен обвинител, а против битолчанецот ќе следува соодветна пријава.

452

Битолчанецот З.Л (63) од балконот на неговата куќа на Широк Сокак со воздушна пушка пукал кон куче скитник кое било на улицата, соопштија од СВР Битола.

Настанот се случил во средата, а полицијата му ја одзела воздушната пушка. Известен е и јавен обвинител, а против битолчанецот ќе следува соодветна пријава.






На Широк Сокак, најамбиенталната улица во Битола, секојдневно има повеќе кучиња скитници. Дел од пријавите на битолчани за каснување од бездомни кучиња се токму од центарот на градот.

Ова не е прв случај битолочани со пушка да пукаат во кучиња скитници. Лани полицијата уапси 29 –годишен маж кој во местото викано Гроздот во центраот на Битола, возејќи „пасат“, преку отворен прозорец со воздушна пушка пукаше во уличните кучиња.

Поврзани содржини