СО ПРВА ДОЗА ВАКЦИНИРАНИ 46,9% ОД НАСЕЛЕНИЕТО Најмногу имунизирани во Неготино, а најмалку во Гостивар

Во државата вкупно се аплицирани 1.505.469 дози вакцини, а ревакцинирани се 721.156 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани - соопшти Министерството за здравство.

905

Од Министерството за здравство информираат дека со една доза на вакцина против ковид-19 во земјава се вакцинирани 46,9 отсто од населението над 18 години, заклучно со 26 септември.

Кај лицата над 40 години опфатот со една доза изнесува 55 отсто, а кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина е помал, т. е 31%.






Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид (63,9%), Кавадарци( 64,3%), Гевгелија(61,4%) и Неготино (65,1%).

Помеѓу 50-60 отсто опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Демир Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип.

Помеѓу 40-50% опфат на вакцнинирани граѓани има во градовите Кичево, Св.Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Струга, М.Брод, Скопје и Тетово.

Помеѓу 30-40 отсто, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.

– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.820 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.207 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.505.469 дози вакцини, а ревакцинирани се 721.156 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани – соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки, како што се посочува, 55 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 32 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со една доза вакцина.

– Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата – информираат од Министерството.

Поврзани содржини