СО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА АЛБАНЕЦ ГИ УРИВАМЕ СТЕРЕОТИПИТЕ За Османи тоа е концепт на еднаквост
Го промовираме концептот на еднаквост и рушење на стереотипите и оттука консезуален е и концептот за претседател на државата кој останува како најдобро решение за оваа држава, вели Османи.
Го промовираме концептот на еднаквост и рушење на стереотипите и оттука консезуален е и концептот за претседател на државата кој останува како најдобро решение за оваа држава, рече портпаролот на ДУИ Бујар Османи за предлогот на лидерот на ДУИ Али Ахмети за уривање на нова бариера и избор на Албанец шеф на државата.
-Ахмети на последните состаноци со граѓаните ги објаснува двете поглавја на политичкото дејствување на ДУИ. Завршувајќи со премиерот на влдата кој е договорен согласно договорот од 18 август, а ќе биде во последните 100 дена од оваа влада. Го промовираме концептот на еднаквост и рушење на стереотипите и оттука консезуален е и концептот за претседател на државата кој останува како најдобро решение за оваа држава. Не е важна националноста туку еднаквоста, нашиот концепт е постигнување на еднаквост и рамноправност. Прашањето за кога може да се очекува Албанец да биде претседател не е прашање на рокови и на динамика, ДУИ ги предизвикува стереотипите – вели Османи.
Османи, на последниот ден од изборната кампања пред првиот круг од локалните избори в недела оцени дека ДУИ ќе ја оствари најголемата победа од нејзиното формирање.
– Без да сум субјективен, согласно анкетите кои не се на ДУИ, согласно анкетите на меѓународните организации кои ги вкрстивме во неколку наврати се покажува дека ДУИ ќе ја оствари најголемата изборна победа во нејзината политичка историја. Во моментов имаме само четири општини во кои градоначалник е Албанец, а не е од ДУИ. Ние мислиме дека драстично ќе падне тој број од четири општини и ДУИ ќе изојува изборна победа во најголемиот дел на општини, и урбани и рурални, од Липково до Струга – рече Османи.