„СО ПРЕДАВНИЦИ НА СДСМ НЕ СЕДНУВАМ НА ИСТА МАСА“ Филипче не прифаќа дебата со Максим Димитриевски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од трибина во Прилеп жестоко му возврати на Максим Димитриевски, нарекувајќи го „пиун на Мицкоски“ и „предавник на идеалите на социјалдемократијата“.

261

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од трибината „Се бориме за нашиот дом“ во Прилеп, му одговори на градоначалникот на Куманово и лидер на „За наша Македонија“, Максим Димитриевски, кој претходно побара јавен дуел со него.

– Слушам Максим Димитриевски, пиунот на Мицкоски, барал дуел со мене. Јас со предавници на социјалдемократската идеја и подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ не дебатирам – изјави Филипче пред насобраните граѓани.






Тој додаде дека граѓаните во Куманово веќе ги препознале, како што рече, измамите на Димитриевски и дека времето на предавството кон социјалдемократските вредности е завршено.

– Дали Максим се плаши дека е пуштен низ вода откако еднократно го искористија, тоа ли е стравот? Или пак стравот е затоа што е разоткриен од граѓаните кои ги излажа на претходните избори? Секој кој решил да ги предаде идеалите за функција не опстанал – порача лидерот на СДСМ.

Филипче го обвини Димитриевски дека ја злоупотребува власта и дека неговото владеење во Куманово е исполнето со, како што рече, криминал, шурување со ДУИ и лични интереси.

– Се сместија тој и неколкумина околу него удобно во Влада и заборавија на ветувањата. Шуруваат со ДУИ, прават криминал во Куманово, а ветувањата за правда испарија. Затоа граѓаните ќе ги казнат на овие избори – истакна Филипче.

На крајот, тој порача дека Димитриевски ќе мора да се соочи со институциите, а не со него.

– После сите афери и сомнежи за станови, за парцели, ќе треба да се спреми за дуел со правдата, обвинителството и судството – рече Филипче.

„ИЗЛЕЗИ ВЕНКО НА ТВ-ДУЕЛ СО МЕНЕ, ВИКНИ ГО И ЗАЕВ НАПОМОШ“ Димитриевски бара да ги соочи аргументите со Филипче

Поврзани содржини