СО ПОЖАРОТ ВО ХРОМ НЕКОЈ САКАЛ ДА СОКРИЕ УБИСТВО Мажот што изгоре во станот имал убоди од нож

Со обдукцијата извршена по наредба на јавниот обвинител, кај починатиот беа потврдени траги на насилство – убоди со остар предмет како причина за смртта, соопшти Јавното обвинителство.

1,102

Јавното обвинителство соопшти дека вчерашниот пожар во скопската населба Хром бил подметнат од страна на некој кој сакал да го сокрие убиството на сопственикот на запалениот стан.

Жртвата имала рани со нож, а истрагата продолжува, пренесе Телма.






„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место. Со обдукцијата извршена по наредба на јавниот обвинител, кај починатиот беа потврдени траги на насилство – убоди со остар предмет како причина за смртта. Првичните сознанија упатуваат дека пожарот бил подметнат за да се прикрие кривичното дело. Во текот на денешниот ден, во координација со МВР, се преземаат и други дејствија и се издаваат наредби за целосно расчистување на настанот“, информираше ОЈО.

Поврзани содржини