Со „Порше“ криумчарел мигрант, полицијата пукала, па ги ранила двајцата
Девојка пријавила дека била нападната на Средно Водно.
БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА СО МИГРАНТ И ДВАЈЦАТА БИЛЕ РАНЕТИ – На 25.09.2020 околу 06.00 часот на крстосница од пат с.Кравари – с.Оптичари, поради постоење основано сомнение дека се превезуваат мигранти, полициски службеници од Полициска станица Меџитлија се обиделе да сопрат патничко возило „порше“, со скопски регистарски ознаки, но возачот се обидел да ги прегази, по што полициските службеници од огнено оружје испукале неколку истрели. Набрзо возилото запрело во близина на бензинска пумпа на влез во Битола, а во него бил затекнат возачот Ш.С., кој се здобил со две прострелни рани во нозете, додека во непосредна близина бил пронајден и еден мигрант со прострелна рана во едната нога. Повредените лица се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 24.09.2020 во 21.00 часот на ул.„Иван Козаров“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.П.(33) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
МУ НАШЛЕ ПИШТОЛ ВО РАБОТИЛНИЦАТА – На 24.09.2020 во 13.15 часот во Полициската станица Валандово, М.Д.(53) од Валандово пријавил дека во периодот од 23.50 часот на 22.09. до 19.00 часот на 23.09.2020 му бил одземен пиштол „Црвена застава“ кал. 9мм, без куршуми, од неговата автолимарска работилница на ул.„Маршал Тито“ во Валандово. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Валандово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ГО ТЕПАЛЕ НА ПАРКИНГ – На 24.09.2020 во 16.20 часот во СВР Скопје, З.Б.(57) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот на паркинг на ул.„Страшо Пинџур“,бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СКОПЈАНКА ПРИЈАВИЛА ДЕКА Е ТЕПАНА – На 24.09.2020 во 12.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, Х.Б.(44) од Скопје била физички нападната од Ф.Б.(48) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА ПОРАДИ НЕРАСЧИСТЕН ДОЛГ – На 25.09.2020 во 03.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен повреден Т.К.(18) од Скопје, по чие кажување околу 03.00 часот на ул.„Иван Козаров“, додека бил со Д.Д.(19) од Скопје, настанала физичка пресметка со А.А.(19) и М.П.(19), двајцата од Скопје, поради нерасчистен долг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ДЕВОЈКА НАПАДНАТА НА СРЕДНО ВОДНО – На 25.09.2020 во 01.45 часот во СВР Скопје, А.Ќ.(18) од Скопје пријавила дека околу 00.00 часот на паркинг на Средно Водно во Скопје била физички нападната од Е.Е.(32). Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
ГРУПНА ТЕПАЧКА ВО МИЛАДИНОВЦИ – На 25.09.2020 околу 01.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во с.Миладиновци, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу М.П.(19) и С.П.(40), двајцата од с.Кучевиште, од една страна и Љ.Д.(27) и Ј.Н.(27), двајцата од с.Мршевци, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ГО НАПАДНАЛ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ОБЈЕКТОТ – СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Т.(45) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Тој, на 19.08.2020 пред објект на улица „15 корпус“ во Охрид, физички го нападнал И.Џ.(39) од охридското село Лескоец, кој извршувал работи на обезбедување на објектот.
ПРОНАЈДЕНО ПОЧИНАТО ЛИЦЕ ВО ВЕЛЕС – На 24.09.2020 во СВР Велес било пријавено дека околу 10.00 часот на ул.„Славко Ѓоргиев“ во Велес, во својот стан бил пронајден починат С.А.(64). Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
ШТИПЈАНЕЦ НАПАДНАТ ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА – СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.С.(38) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”. На 14.07.2020 во спортска обложувалница на ул.„Маршал Тито“ во Штип, пријавениот, по вербална расправија, со пиштол му се заканувал на Ј.С. од Штип, по што и физички го нападнал.
НА ДВАЈЦА РОДНИНИ ИМ БИЛО ПУКАНО ВО ДВОРОВИТЕ – На 24.09.2020 во 10.50 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ф.К.(60) од Скопје пријавил дека слушнал пукање, по што излегол во дворот од куќата на ул.„Места“ и пронашол осум чаури. Според пријавеното, исто така, и кај неговиот роднина Ф.К.(46) од истата улица биле пронајдени четири чаури и еден неиспукан куршум. Повредени лица нема. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.