Со попуштање на мерките ќе се нормализира јавниот превоз во Скопје

Имајќи предвид дека во претстојниот период мерките ќе попуштаат, очекувам дека тоа паралелно ќе го следи и ослободувањето на јавниот превоз - вели Шилегов.

259

Јавниот превоз во главниот град, кој од воведувањето на полицискиот час, има двократно работно време, се очекува да се нормализира паралелно со етапното олабавување на мерките.

– Имајќи предвид дека во претстојниот период мерките ќе попуштаат, очекувам дека тоа паралелно ќе го следи и ослободувањето на јавниот превоз. Не се работи за самоиницијативни одлуки на Градот Скопје зашто уредувањето на превозот е во рамки на мерките за заштита на здравјето на населението кои се препорачани од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство и ги носи Владата, рече градоначалникот Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.






Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и на приватните превозници од воведувањето на полицискиот час сообраќаат по саботен возен ред и двократно во текот на денот – од 5 до 9 часот и од 13 до 19 часот.

Поврзани содржини