📷 СО ПОЛНА ТОРБА ПАРИ САКАЛ ДА СЕ КАЧИ НА АВИОН Запленети се 185.000 норвешки круни на Аеродром Скопје

Согласно Законот за девизно работење на патникот вратени му се 120.000 норвешки круни, а останатите се запленети. Против него е поднесена соодветна пријава. 

4,295

На Аеродромот Скопје царинарниците заплениле 185.000 норвешки круни кај норвешки државјанин со потекло од Косово, соопшти денеска Царинската управа.

„Запленети се 185.000 норвешки круни, откако патник на излез од државата на Аеродром Скопје не ги пријавил истите кај царинскиот орган. Патникот, инаку норвешки државјанин со потекло од Косово, со себе во црна торба носел 305.000 норвешки круни што царинските службеници ги пронајдоа при контрола на скенер“, се наведува во соопштението.“






Согласно Законот за девизно работење на патникот вратени му се 120.000 норвешки круни, а останатите се запленети. Против него е поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини