🎥 СО ПОДЗЕМНО НАВОДНУВАЊЕ КАПКА ПО КАПКА ДО РЕКОРДНА ЖЕТВА ВО ОВЧЕ ПОЛЕ Двојно повеќе силажа за биогасната централа на Фероинвест во Сарамзалино

Земјоделската фирма Ерџелија Полјоделство, која е дел од групацијата на Фероинвест, годинава постигна 85% повисоки приноси од јачмен, пченица, ‘рж и третикале, а заслугата за овој резултат се припишува на комбинацијата од подземно наводнување „капка по капка“ и најсовремената механизација.

3,369

Современата земјоделска технологија и системите за наводнување овозможија речиси двојно зголемени приноси од житни култури за компанијата Фероинвест, кои се користат како суровина за биогасната електрана во Сарамзалино, општина Лозово.

Земјоделската фирма Ерџелија Полјоделство, која е дел од групацијата, годинава постигна 85% повисоки приноси од јачмен, пченица, ‘рж и третикале (хибрид меѓу пченица и ‘рж), споредено со минатата година. Заслугата за овој резултат се припишува на комбинацијата од подземно наводнување „капка по капка“ и најсовремената механизација.






Жетвата во Овче Поле беше изведена со високо ефикасни комбајни од најнова генерација – John Deere 8800 и Krone BigX 630.

Фото: Фероинвест

Највисоки приноси се постигнати токму на површините каде што е инсталиран подземниот систем за наводнување, што уште еднаш потврдува дека и земјоделието бара вложувања и стручност, како и секоја друга индустриска гранка.

Произведената силажа се складира во сило-бункерите на електраната заради оптимална ферментација, по што се комбинира со органски отпад и се користи како суровина за производство на биогас и електрична енергија.

Од Фероинвест најавуваат дека ќе продолжат со инвестиции во модернизација на земјоделскиот сектор, кој има стратешка улога во енергетскиот циклус на биогасните електрани.

Поврзани содржини