СО ПЛОЧАТА СО КОЈА СЕ СЛАВИ ФАШИЗМОТ ПОТТИКНАЛ ЕТНИЧКА ОМРАЗА И РАЗДОР Почна судењето на градоначалникот Мерко за скандалозното обележје

Претходно, Основниот суд во Струга ја одложи расправата за набавката на луксузен автомобил „ауди“, која почнува од почеток поради промената на судечкиот судија.

592

Во Основниот суд во Струга денеска почна главната расправата во судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за поставено спомен-обележје, плоча, на влезот на општинската зграда.

Претходно, Судот ја одложи расправата за набавката на луксузен автомобил „ауди“, која почнува од почеток поради промената на судечкиот судија.






На Мерко му се суди затоа што како градоначалник на Општина Струга, во март лани, поставил спомен-обележје, плоча на влезот на општинската зграда, со кое, според обвинението, поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга. Со плочата се слави фашистичката окупација на Струга во 1941 година, од страна на фашистичка Италија и Кралството Албанија. Со тоа сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, според кој, може да добие затворска казна до 5 години.

На предлог на Обвинителството на Мерко му е одземен пасошот и треба еднаш неделно да се јавува во Судот.

Мерко за ова дело пред Судот се изјасни дека не се чуствува виновен.

Со поставувањето на спомен плочата на општинската зграда, според поранешниот советник во Советот на Општина Струга, а сега заменик министер за правда Ален Деребан, се задира во Уставниот поредок на државата. Тој забележа дека плочата предизвикала етнички раздор и нетрпеливост кај населението, поради, како што рече, содржината, која го слави периодот кога Струга била под фашистичка окупација, но и оти е поставена без одлука на Советот.

– Поставувањето на плочата предизвика етнички раздор и нетрпеливост во Оштина Струга, затоа што со содржината се слави периодот кога Струга и западниот дел од Македонија бил под фашистичка окупација од Италија. Очекувам дека Судот врз основа на доказите со кои располага ќе донесе осудителна пресуда, со која што во иднина ќе се спречи оваа пракса за поставување на спомен плочи и спомен обележја од контровезни личности од историјата со кои се задира во Уставниот поредок на Република Македонија – изјави Деребан по давањето исказ.

За поставената плоча на 0пштинската зграда во Струга, пред десеттина дена Комисијата за заштита од дискиминација утврди дека Мерко со своите постапки предизвикал продолжено вознемирување кај жителите на општината.

Комисијата препорача итно отстранување на спорната плоча од страна на градоначалникот, јавно извинување за предизвиканото вознемирување и воздржување од идни дискриминаторски дејствија кои можат да поттикнат поделби во заедницата.

Судскиот процес ќе продолжи на 5 март со сослушување на сведоците.

Во Основниот суд во Струга денеска се одржаа и две одвоени рочишта против Мерко за незаконско поставување директори во четири основни училишта во Општина Струга. Во еден предмет споени се обвиненијата за училиштата во Лабуништа, Радолишта Подгорци и за „Браќа Миладиновци“ во Струга. За училиштето во Велешта се води одвоен предмет, каде четири лица се обвинети за злоупотреба на службата и фалсификување.

За овие предмети сведочеше поранешниот министер за образование и наука Јетон Шакири, кој кажа дека во времето кога тој бил министер до него не бил доставен предмет за одземање ингеренции, нигу стигнале извештаи од инспекторат.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД) поради вмешаност во корупција.

Против него Обвинителството има поднесено 9 обвиненија за несовесно работење во службата.

Поврзани содржини