СО ПИШТОЛ СЕЕЛ СТРАВ НА БИТ ПАЗАР Разбојник нападнал три објекти за еден час

Разбојник со пиштол нападнал во продавница, ограбил обложувалница и се обидел да ограби казино во серија инциденти на Бит Пазар.

291

Синоќа разбојник на територијата на Бит Пазар со пиштол извршил грабеж, а потоа се обидел да ограби уште два објекти, заканувајќи им се на вработени и сопственик.

Првиот инцидент се случил околу 21:21 часот, кога напаѓачот влегол во продавница и со закана со пиштол се обидел да го земе дневниот промет. Кога не успеал, физички го нападнал сопственикот, 61-годишниот З.В.






Само половина час подоцна, во 21:48 часот, најверојатно истиот разбојник повторно имал обид, овојпат во спортска обложувалница. Со вперен пиштол кон вработената, успеал да одземе пари од дневниот промет и да побегне.

Третиот обид следел во 22:25 часот во казино, исто така на Бит Пазар. Напаѓачот повторно се заканувал со оружје, но овојпат не успеал да дојде до пари и избегал.

Полицијата трага по сторителот и работи на расчистување на случаите.

Поврзани содржини