СО ПИШТОЛ ОГРАБИЛ ОБЛОЖУВАЛНИЦА Разбојништво на Бит-пазар

Според пријавеното, машко лице со закана со пиштол од вработената одзело пари од дневниот промет.

0

Разбојник со пиштол ограбил спортска обложувалница на подрачјето на Бит-пазар во Скопје. Разбојништвото било пријавено утрово во 00:36 часот во СВР Скопје.

Според пријавеното, машко лице со закана со пиштол од вработената одзело пари од дневниот промет на обложувалницата.






Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Поврзани содржини