СО ПИШТОЛ ГО УДИРАЛ СВОЈОТ СОГРАЃАНИН ПО ГЛАВАТА Уапсен е Кавадарчанец за напад со оружје
Полициски службеници го уапсиле С.Б., на возраст од 44 години, постапувајќи по претходна пријава дека на улицата Ѓорѓи Соколов во градот, по кратка расправија, физички го нападнал 32-годишниот Б.Ч.
Кавадарчанец бил приведен по пријава дека со пиштол удирал сограѓанин, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.
„Полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Б., на возраст од 44 години, постапувајќи по претходна пријава дека на улицата Ѓорѓи Соколов во градот, по кратка расправија, физички го нападнал 32-годишниот Б.Ч. и го удирал со пиштол по главата“, појаснуваат од СВР – Велес.
С.Б. бил приведен во полициска станица, а пиштолот бил одземен. Известен бил јавен обвинител.
Како што додаваат од СВР – Велес, по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во неделата, пак, во 19:30 часот во ОВР – Кавадарци, 68-годишен росоманец пријавил дека во угостителски објект во Росоман бил физички нападнат од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.