Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во својата програма за претстојните претседателски избори ги адресира клучните потреби на сите категории граѓани и нуди решенија за сите предизвици пред кое е исправено македонското општество, се наведува во соопштението од штабот на Пендаровски. .
– Сите предизвици со кои се соочивме и со кои се соочуваме ме убедија дека единствено доколку имаме јасна визија, прецизна стратегија и граѓанско единство можеме да ја оствариме нашата цел да живееме во уредена држава којашто почива врз принципот на владеење на правото, економски напредува, обезбедува социјална правда и целосна еднаквост на сите наши граѓани без оглед на потеклото во н ашето мултикултурно македонско општество. Зад себе немам ниту една корупциска афера или пример на користење на функцијата за остварување на лични интереси.Имам визија и енергија да продолжам со борбата за благосостојбата на нашите граѓани и на нашата држава – вели Пендаровски во своето воведно обраќање во Програмата, соопшти штабот на претседателскиот кандидат.
Програмата на кандидатот Пендаровски е составена од пет клучни столба.