СО ПЕШАЧЕЊЕ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ Градоначалникот на Гази Баба на работа пристигна пеш

Утрово од својот дом во Железара до просториите на општина Гази Баба дојдов со пешачење, без автомобил, се пофали на Фејсбук Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.

1,416
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес 28.12.2021 година (вторник) во просториите на општината пристигна со пешачење, без користење на автомобил.





Во објавата на официјалната страна на фејсбук, градоначалникот Стефковски напиша:
“Утрово од својот дом во Железара до просториите на општина Гази Баба дојдов со пешачење, без автомобил. Имајќи го предвид загадувањето на амбиенталниот воздух и мерките од Градот Скопје, ги повикувам граѓаните да ги користат можностите на бесплатниот јавен превоз. Обврските на градоначалникот се теренски и на различни локации кои налагаат користење на автомобил, но во следниот период почесто ќе практикувам движење без автомобил. Секој од нас да го даде својот придонес во намалување на загадувањето на водухот. Општина Гази Баба ќе ги превземе сите свои законски надлежности за санкционирање на загадувачите на амбиенталниот воздух” – стои во објавата.
Поврзани содржини