Со оваа јапонска метода ракот може да се излечи за три дена
Познатиот фотоелектричен ефект кој го открил Ајнштајн уште во 1905 година, може да биде предизвикан во клетката преку наночестички кои користат јод. Досегашните експерименти на ткива кои содржат рак покажале дека со зрачење од 30 минути во рок од три дена можат да се убијат сите канцерогени клетки.
Нова метода со квантно зрачење може да ги убие канцерогените клетки многу поефикасно од зрачењето со X-зраци, пренесува IFL Science. Процесот работи преку предизвикување на познатиот „фотоелектричен ефект“ во канцерогената клетка, кој ги зафаќа нејзините наночестички, без да ги оштети останатите клетки и не бара дополнителен кислород како зрачењето од рендген, објаснуваат научниците од Универзитетот во Кјото.
Познатиот фотоелектричен ефект кој го открил Ајнштајн уште во 1905 година, може да биде предизвикан во клетката преку наночестички кои користат јод. Ова е различно од методот на слободните радикали кој се користи во моментов, каде што радикалите за да ја убијат канцерогената ДНК често бараат повеќе кислород одошто телото може да понуди.
– Изложувањето метал на светлина доведува до ослободување на електрони. Нашето истражување дава докази кои сугерираат дека е можно да се репродуцира овој ефект во клетките на ракот – вели професорот Фјујухико Таманои, објаснувајќи го откритието на Ајнштајн познато во квантната физика.
Но, на тимот на Таманои не му било лесно да го предизвика овој ефект. Прво, се обидувале со реткиот хемиски елемент гадолиниум кој, ако е изложен на рендген зраци, ја кине ДНК на канцерогените клетки. Сепак, тој е толку редок елемент, што морале да пробаат нешто поконвенционално. Тука во игра влегол јодот. Јодот бара послаби зраци од гадолиниумот (околу 33,2 keV), што значи штеди енергија и полесно може да се најде во природата.
Останува овој метод да биде тестиран на глувци, а потоа и кај луѓе. Тимот планира да најде начин јодот да го прикачи на ДНК наместо да биде расфрлан околу неа, што би го направило методот уште поефикасен.
Досегашните експерименти на ткива кои содржат рак покажале дека со зрачење од 30 минути во рок од три дена можат да се убијат сите канцерогени клетки.