СО ОВА РАКОВОДСТВО НА СДСМ НЕМА СОРАБОТКА, НИ КОАЛИЦИЈА! Терминот „европски“ се злоупотребува и се монополизира, вели Карапејовски од ЗНАМ

Нашите црвени линии за промената на Уставот, македонскиот народ, јазик, историја и култура се основниот услов за соработка со која и да е политичка партија по изборите, истакнува Бобан Карапејовски, носител на листа во Изборната единица 1 од Движење ЗНАМ - За наша Македонија.

531

„И покрај тоа што СДСМ има прекрасни членови и симпатизери, со ова раководство нема да можеме да соработуваме и да коалицираме“, напиша Бобан Карапејовски, носител на листа во Изборната единица 1 од Движење ЗНАМ – За наша Македонија, на неговиот фејсбук профил по денешната средба со Бојан Маричиќ.

„Денеска на Бојан Маричиќ од СДСМ му ја дадов изборната програма Манифест за Македонија на нашиот претседателски кандидат Максим Димитриевски. Денешната кратка случајна средба ја искористив за да го реафирмирам ставот искажан од претседателот на Движењето ЗНАМ дека, за жал, и покрај тоа што СДСМ има прекрасни членови и симпатизери, со ова раководство нема да можеме да соработуваме и да коалицираме. Жалам што во кампањата терминот „европски” се злоупотребува и се монополизира. Нашите црвени линии за промената на Уставот, македонскиот народ, јазик, историја и култура се основниот услов за соработка со која и да е политичка партија по изборите“ – напиша Карапејовски.

Поврзани содржини
na