СО ОМРАЗАТА КОН НАС, СЕ ПАЛИТЕ СЕБЕСИ Трифонов зборува за Ламбе и за „Северномакедонците“

Пожарот избувнал толку брзо што според пишувањата на медиумите во Северна Македонија, тој имал изгореници на рацете. Која е поуката, драги мои соседи од Северна Македонија? Поуката е дека со омразата кон нас се палите самите себеси“, напишал Трифонов на Фејсбук, притоа користејќи го зборот „Северномакедонци“ по втор пат.

1,364

Контроверзниот лидер на бугарската партија „Има таков Народ“, Слави Трифонов на Фејсбук го коментираше палењето на натписот „Ванчо Михајлов“ на клубот во Битола од страна на Ламбе Алабаковски велејќи дека „со омразата кон нас се палите самите себеси“.

Притоа, во изјавата Трифонов по втор пат Македонците ги нарече со името „Северномакедонци“. Трифонов го искористи зборот и во свое обраќање во предизборната кампања минатата година.






„Стана јасно кој е пироманот кој го запалил бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола. Станува збор за 34-годишен пејач по име Ламбе Алабаковски. Тој го признал делото. Во исто време, корисниците на социјалните мрежи во Северна Македонија почнаа да објавуваат фотографии со пораки: „И јас сум Ламбе Алабаковски! Beе ѕuіѕ Ламбе Алабаковски! Сите сме Ламбе, стоп за фашизмот“. Сега, од сета оваа гнасна историја, Северномакедонците, ако се паметни, сепак можат да извлечат сериозна лекција. Ќе ви кажам што е таа. Ламбе во раните утрински часови на 4 јуни отишол пред Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“, и предизвикал пожар. Пожарот избувнал толку брзо што според пишувањата на медиумите во Северна Македонија, тој имал изгореници на рацете. Која е поуката, драги мои соседи од Северна Македонија? Поуката е дека со омразата кон нас се палите самите себеси“, напишал Трифонов на Фејсбук.

Поврзани содржини