СО ОДЛУКА НА КОЦЕВСКИ СЕ ВРШИ НАДЗОР НАД ЈО ЗА ГОНЕЊЕ НА КОРУПЦИЈА Ќе се контролира и одделението за меѓународна правна помош

До крајот на годината ќе биде извршен надзор и над постапувањето на Одделението за меѓународна правна помош во Јавното обвинителство и над Канцеларијата за врски со Европравда во републичкото обвинителство“, соопшти ЈО.

101

Со одлука на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска сите републички јавни обвинители вршат контрола над работата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, чиј шеф е обвинителот Ислам Абази.

„Претходно, согласно надлежностите на републичкото јавно обвинителство, контрола беше извршена во сите виши јавни обвинителства во државата. Надзорот се врши во согласност со член 21 од Законот за јавното обвинителство и Правилникот за вршење надзор над работата и постапувањето на јавните обвинителства ,донесен од Советот на јавните обвинители. До крајот на годината ќе биде извршен надзор и над постапувањето на Одделението за меѓународна правна помош во Јавното обвинителство и над Канцеларијата за врски со Европравда во републичкото обвинителство“, соопшти Јавното обвинителство.

Поврзани содржини