СО НУРЕДИНИ СЕ НАШЛЕ НА СРЕДИНА Пратениците барале кесите да чинат 20 денари

552

Нашиот иницијален предлог како Министерство за животна средина кој помина на влада беше 10 денари за кеса. Но кога дојде законот во Собрание, пратениците побараа да биде 20 денари. Се договоривме да биде 15 денари, рече Насер Нуредини во „Тема на денот“ на телевизија Сител.

Како што објаснува тој, аргументот на пратениците за 20 денари за кеса бил дека треба да се зголеми цената до степен на целосна забрана за пластика.






– Идејата на кеса од 10 денари е да се обидеме да ги мотивираме граѓаните да не ги користат пластичните кеси. Тие не се разградливи едноставно во природата. Тие се распаѓаат и ја загадуваат почвата и водата. Идејата не е цената, туку да се користи помалку пластика. Ние гледаме на 10-те денари како на 15 центи и тоа е цена која ќе мотивира помалку да се користат – рече Нуредини.

Поврзани содржини