Со нож, од своја рака в грб!

Кај нас, во нашето со подла намера декларирано никаквото „општество за сите“, кое се сведе на озаконето беззаконие – грабај кога си на власт и што ти е гајле... најголемото зло нанесено на народот се лагата и измамата, кои власта, за потребите на туѓинските политики ги уоквири во законска рамка и ни ги окачи околу вратот како најголема идентитетска придобивка, со која треба да се гордееме додека стенкаме како пренатоварено добиче разрикано по туѓ трасиран пат кон – геноцидната, за нас, Европа.

1,513

ТОЈ – ќоравиот во умот и од друг ориентиран во просторот предавник, кој тргнал во Македонија да озакони Апартхејд, дочекавме да ни се гласи и натура за водач… – „ЕУ е МОЈАТА визија за иднината…“?!

Овој општ фашизоиден и пљачкашко – предавнички безобразлук што се тови во државата Македонија како врв на неиздржливата сеопшта тортура врз македонскиот народ, која ни ја приредува криминално комбинираната гарнитурата предавници на власт поддржана од западни политички диктатори, со тенденција да се зацврсти и одржи во владеењето и да продолжи – до крај… со повеќестраната предавничка политика спрема македонскиот народ и македонската држава и со лаги и закани ДА ги отпочне преговорите со ЕУ, макар и со несменети пелени да им „седнеме на округлата маса…“, демек барабар, за на идните избори да си обезбедат гласови со паролата „почнавме со преговорите…“, а да не им е гајле дека – не ние, туку некој друг скриен под сенката наша се мува по некој згрешен пат… не е ново ниту непознато деструктивно манипулирање на оваа власт со народот.






Македонците како народ сме бистра вода. Но, немоќни!, или подобро речено, неодлучни… да се спасиме од подметнувањата на бираните и небираните претежно глупави саможивници во власта, и затоа континуирано, поради нашата трпеливост сме изложени на нивните лаги, од кои страдаме. Тешко се браниме од тоа нивно директно ропање по нашите глави, од типот – Предлогот Бугарите да се внесат во Уставот е од ЕУ и САД и со тоа Македонија не губи НИШТО“!!!, (а, што значи тоа – „ништо“?… Ако Македонија не губи НИШТО со внесувањето на Бугарите во Уставот – што губи Бугарија со внесувањето во нивниот Устав на Македонците?), како и образложението дека, НАЛОЖЕНОТО треба (мора!) да го извршиме – имаме обврска…“, одамна па и деновиве го слушаме како туѓа и наметната мисла испрдена низ устите на интелектуалци кои се во врвното раководство на партијата на Намесникот… кој се однесува како македонскиот Устав да е негово приватно тефтерче кое може да го отвори кога сака за да пише и брише што сака. Болна непромисленост е во прашање или бескарактерност…?

Последната усилба која многу го измачува Намесникот и манипулантите околу него, е отворањето на Уставот! И? – Иии, се надеваат… и бараат можност за РЕПРИЗА – како џамбази на панаѓур да купат опозициони неверници?… кои, не дај Боже… ако се случи тоа, ОВОЈ ПАТ, овој пат!!!, за разлика од претходните предавници… мнооогу скапо ќе платат… и крваво ќе ги просерат парите народни кои за предавството ќе ги примат. Но, бидејќи на народот му е дојден нож до коска од друштвото „ЕУ е мојата визија за иднината!“, ќе се потруди навреме да ги намириса Оскаровците и пред да го примат пехарот, со кука да ги докачи и да ги свлече од предавничкото постолје… на понатамошен третман… исто како што постапуваа Комитите со народните предавници.

Нашата историја е и запис за извонредните предавнички суровости и тортури врз македонскиот народ – „со нож, од своја рака в грб“, кои не може да се објаснат во термините на животински наследениот инстинкт, туку мора да бидат сфатени врз основа на фактори по кои човекот се разликува од животинските предци, со неможност да се исклучи присуството на агресивните рушителски биолошки тенденции во човековата психа кои се во служба на инструменталната агресија, окарактеризирана како бескрупулозно самољубие – власт и пари, со психолошка и економската потчинетост на другиот, кое на крајот на краиштата доведува и до војна!

Во една таква меѓусебна зовриена психолошка војна, во привиден мир кој е пострашен од рафален оган, ние Македонците и никој друг! – потиснати и изместени од нашето стојалиште, не можејќи да се спротивставиме на притисоците, уцените, заканите… кои нѐ заобиколуваат и од дома и од надвор, не смееме да избереме решение за спасение со урнисување на чуката на која се стражариме себе, а тоа е сопствената, тешко добиената држава Македонија.

Кај нас, во нашето со подла намера декларирано никаквото „општество за сите“, кое се сведе на озаконето беззаконие – грабај кога си на власт и што ти е гајле… најголемото зло нанесено на народот се лагата и измамата, кои власта, за потребите на туѓинските политики ги уоквири во законска рамка и ни ги окачи околу вратот како најголема идентитетска придобивка, со која треба да се гордееме додека стенкаме како пренатоварено добиче разрикано по туѓ трасиран пат кон – геноцидната, за нас, Европа.

Европа, патот за и до неа, е само изговор на наши профитери од македонските и албанските партии кои се на власт. Расџвкани, згора на тоа и осилени, со тралалалаа…!, досега одлично им оди. Тоа што најголем дел од народот во државава не може да скрпи живеачка од први до први, полека брзаат да го решат, со ЌЕ… ЌЕ… нудејќи надеж за одложен живот. Ним им е важно што подолго да опстанат во власта, а што ќе се случи после нивното заминување со сѐ натоварен брод… други нека му ја мислат.

Деновиве се изначудив од агресивноста и саможивноста на помалите опозициски албански партии, кои го жртвуваат Македонецот, баш така, сметајќи дека е момент да го остварат и озваничат големоалбанскиот пробив, користејќи ја разбурканата ситуација во државата. Посебно од примитивниот однос на некои од челниците, пред сѐ кон самите себе, кои искомплексирани од сенката на ДУИ, не знаат како и колку будалски претстави да си приредат пред себе и членството, барајќи начин да се докопаат до Владата, да се устоличат за да сркнат од последните капки еликсир…

И тоа внимавајте! – да придонеле за демократските евро-интеграциски насоки на земјава и за тоа да ја зајакнат власта…!, која до вчера ја напаѓаа како шарка змија, а сега ѝ се милат да ги прибере… И не само тоа – со измеќарска покорност шетаат по амбасади… се „консултираат со експерти“ и од нив бараат сила за спроведување на нивната нискофреквентна политичка желба со која се закануваат…

А што е најважно, најсрамно и најнедостоинствено за самите нив и за никој друг!!!… ЕДЕН се пофали дека отишол во Албанија да се консултира со Рама, „дали да влезе партијата во македонската Влада“!? – Лелеее… Ќутук! Па откако тој рекол „може“, радосно се огласи дека со нивното приклучување ќе придонесат да ја појачаат власта…?!

А јас му велам дека ќе ја усере, додавајќи го таквиот свој придонес до веќе формираниот куп, кој и онака одамна се излева и смрди. Невиден простаклак трпиме! Чиј политичар е тој и кого ќе претставува во македонската Влада, кога од една држава прима инструкции, а во друга – таму кај што и јаде, сака да учествува во кроењето на нов македонски Устав!!!…, и спроведувањето на државната политика? – Тиранската како каршилук на Бугарската… и тоа легално? Замислете – Рама го прашува дал да се напика како крлеж во македонска Влада…? Па ликува што му е „одобрено“! Еее, после Путин им е крив!, на глупаците од власта и ќе ги заштитат ордените „Орлој муда“ што ги примаат од некои таксиратлии…. Еее, таксиратлии сме и ние што трпиме да нѐ мочаат од ќерамиди!

Таквите токмаци и лижигазовци во политиката се шепурат како разгугуткани папагали, од што се создаваат пизми меѓу народот. Пример е деновиве знамето на Косово кое се вее среде Струга, а македонското знаме одамна го има фрлено крчмарот кој шерифува со градот. Но, видна и спроведувана им е дамнешната желбата – да се косовизира Македонија. Во тоа успеваат преку приграбените македонски институции со кои раководат за да ги растурат, односно албанизираат.

Јас се сомневам дека од македонското министерство за одбрана на чие чело намерно е ставена… бедааа!, која може само како кафекуварка да се шепури меѓу војската… со помош на НАТО останало нешто македонско. Не дај Боже да дојде до воен конфликт, а може во овој вриеж кој се случува во соседството…

Народе – УЧК се војници во македонската војска? Ќе ни се истопори, и – кој кого и од кого ќе се брани и за што…??? Амааа, кој ни е крив?

Врховниот командант на „нашите оружани сили“ е една обична веќе употребена и ставена настрана маша. Не треба дискусија ни за Намесникот кој е должен да го фати за уши ТОЈ… што во туѓа држава и со туѓ премиер се прашува дали да влезе во македонската влада, и наместо да го седне до него, да го напика во лудница, каде му е местото. Но, ако е за лудница, одамна таму требаше да биде сместен Мисионерот светски кој нѐ излуде нас Македонците со неговото подло и ненормално надмено однесување, кој отворено работи против интересите на македонската држава, огнено усвитен за Косово…

А, што да речеме ако за главен обвинител деновиве биде избран веќе планиран Албанец, за кое нешто се заложи навреме ДУИ – да биде од нивните редови, за „дефинитивно да се стави крај на криминалот и корупцијата“?

А што да речеме без да пропсуеме кога ја гледаме бугарската планинска жена расшетана низ Битола, на ден Задушница држи говори за „Бугарските херои кои во Македонија…“. Сте чуле ли во некоја друга држава да е допуштено да се случуваат такви провокативни претстави, и говори полни со омраза…?

Сум рекла и пак ќе речам – што надробивме тоа сркаме! Ама и на срканото му се гледа дното… Не дај Боже, или – нека даде… да се пресече врзулецот на врзанката… па да видиме – чија мајка црна волна ќе преде!

Поврзани содржини