СО НОЖ ГО ПРОБОЛ 4 ПАТИ И ИЗБЕГАЛ Приведен маж од Виница за убиство во обид

453

По претходно обезбедени оперативни сознанија, полициски службеници синоќа во 21:15 часот во Кочани го лишиле од слобода Н.В., на возраст од 32 години од Виница, поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Тој, на 7 август пред угостителски објект во Виница, по претходна вербална расправија, со нож му нанел четири убодни рани на Д.С. од Виница, по што се дал во бегство, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

 

Поврзани содржини