СО НОЖ ГИ БРКАЛ ЛЕКАРИТЕ Нападната екипа на Брза помош во Инџиково
По документирање на случајот Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.
Вчера во 16.35 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош било пријавено дека при интервенција во село Инџиково, Т.К.(42) се обидел со остар предмет да ја нападне екипата за домашна посета.
Во нападот бил спречен од возачот на Итната медицинска помош.
По документирање на случајот Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.