СО НОВИ ГОЛМАНИ НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО Лазаров го објави списокот на рекометари кои тргнаа во Дебрецин (ФОТО)
„Црвено-жолтите“ со чартер-лет тргнуваат околу 14:10 часот од скопскиот аеродром за Дебрецин.
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, попладнево го објави списокот на играчи кои предмалку тргнаа на Европското првенство во унгарски Дебрецин.
На списокот на Лазаров се најдоа:
голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски
леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски,
леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев, Горан Крстевски
пивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски
десни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
десни крила : Никола Костевски, Гоце Георгиевски.
Инаку, во нашиот табор во последен момент се појави коронавирусот и тоа кај петмина со што секако имаше влијание врз изборот на селекторот Кирил Лазаров. Настрада голманската линија затоа што позитивни тестови имале Никола Митревски и Марко Кизиќ, па мораше да се бара решение и шанса на шампионатот ќе добијат Градимир Чаневски и Благојче Трајковски.
Освен Митревски и Кизиќ со корона се заразиле Гоце Ојлески, Михајло Младеновиќ и кондицискиот тренер Петар Баснарков. Да потсетиме Македонија е во група со Словенија, Црна Гора и Данска, а мечевите се закажани за 13, 15 и на 17 јануари.