„Со Новак на Тинос“, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Инстаграм, објавувајќи доцна синоќа селфи фотографија со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ во изминатиот период беше на грчките острови Парос и Миконос, а сега, според објавената фотографиј,а е на островот Тинос, каде што се сретнал со Мицотакис.
Грчките медиуми пишуваат дека утрово, српскиот тенисер и грчкиот премиер биле заедно во црквата „Света Богородица“ на Тинос.
Мицотакис и Ѓоковиќ се сретнаа и на средината на јуни во Атина кога заедно вечераа во познат ресторан во центарот на грчката метропола.
View this post on Instagram