СО НИШТО НЕ СУМ ГО ПРЕКРШИЛА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР Дозволете ми да верувам во слободата на изразување, порача Сиљановска Давкова

Јас го почитував Преспанскиот договор и сега го почитувам. Јас ја потпишав изјавата со актуелното име, името од Преспанскиот договор. Меѓутоа, јас исто така верувам во слободата на изразување на мислата, слободата на самоидентификација и слободата самоопределување која не само што може да биде колективна и да се однесува на народите, туку може да биде и индивидуална, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

510

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека не го прекршила Преспанскиот договор кога ја давала свечената изјава во Собранието, односно кога одби да го изговори уставното име на државата.

– Јас го почитував Преспанскиот договор и сега го почитувам. Јас ја потпишав изјавата со актуелното име, името од Преспанскиот договор. Меѓутоа, јас исто така верувам во слободата на изразување на мислата, слободата на самоидентификација и слободата самоопределување која не само што може да биде колективна и да се однесува на народите, туку може да биде и индивидуална. Значи, за мене, слободата на мислата како дел од универзалната декларација за слободите и правата, како дел од Конвенцијата за заштита на слободите и правата, како дел од Конвенцијата на ЕУ за фундаментални права, им овозможува на луѓето да се изјаснуваат по сопствено наоѓање и јас не гледам тука дека сум го повредила Преспанскиот договор – изјави Сиљановска Давкова.






На прашањето дали ова може да се одрази на европската интеграција на Македонија, Сиљановска Давкова рече дека за тоа треба да се праша грчката страна.

Поврзани содржини
na