СО НИШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОПРАВДА КОЛЕКТИВНОТО КАЗНУВАЊЕ НА ПАЛЕСТИНЦИТЕ Гутереш побара итен хуманитарен прекин на огнот

Војната на Израел во Газа во текот на изминатите сто дена предизвика големо уништување и смрт на цивили со брзина без преседан – рече генералниот секретар на ООН.

139

Генералниот секретар на Обединети нации Антонио Гутереш денеска, по повод стоте дена од почетокот на војната во Појасот Газа, изјави дека единствено одржливо решение е итен хуманитарен прекин на огнот и апелираше до Хамас за итно и безусловно ослободување на заложниците.

Тој исто така се заложи да се испитаат и кривично да се гонат сите наводи за сексуално насилство од страна на припадниците на Хамас извршени на 7 октомври, при нападот врз Израел.






– Војната на Израел во Газа во текот на изминатите сто дена предизвика големо уништување и смрт на цивили со брзина без преседан. Со ништо не може да се оправда колективното казнување на палестинскиот народ – посочи Гутереш.

Според него, колку подолго трае судирот во Газа толку е поголем ризикот од ескалација и на други места.

– Не смееме да го видиме во Либан тоа што го гледаме во Газа и не можеме да дозволиме да продолжи тоа што се случува во Газа – истакна Гутереш.

Поврзани содржини