„СО НЕТРПЕНИЕ ОЧЕКУВАМ ДА ГО УНАПРЕДИМЕ ПАРТНЕРСТВОТО“ Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за Денот на независноста
Пораките на признание, разбирање и поддршка, содржани во честиткатата, којашто ми ја предаде амбасадорката Анџела Агелер, за нас не се само потврда на цврстото американско-македонското пријателство и стратешко партнерство, туку и причина за нивно унапредување, се вели во објавата на Давкова.
Претседателот на САД Доналд Трамп ѝ упати честитка по повод 34-годишнината од Денот на независноста на Македонија – 8 Септември на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, информираше таа во објава на Фејсбук.
Сиљановска Давкова изрази благодарност за честитките за кои што оценува дека не се само потврда на цврстото американско-македонско пријателство и стратешко партнерство, туку и причина за нивно унапредување.
„Искрена благодарност до претседателот на САД и до американскиот народ за честитките по повод 34 годишнината од 8 Септември. Пораките на признание, разбирање и поддршка, содржани во честиткатата, којашто ми ја предаде амбасадорката Анџела Агелер, за нас не се само потврда на цврстото американско-македонското пријателство и стратешко партнерство, толку потребни во време на обиди за ставање крај на воените конфликти, справување со меѓународниот криминал и гарантирање траен мир и безбедност, туку и причина за нивно унапредување“, се вели во објавата на Давкова.
Во име на народот на Соединетите Американски Држави, Ви испраќам најдобри желби Вам и на народот на Северна Македонија по повод прославата на 34-годишнината од вашата независност, пишува во честитката од американскиот претседател.
„Во изминативе 30 години, партнерството меѓу САД и Северна Македонија продолжи да се зајакнува и проширува. Ја ценам непоколебливата поддршка на Северна Македонија за нашите напори да се постигне мирно решение на конфликтот меѓу Русија и Украина. Нашата соработка во борбата против транснационалните закани, како што се криминалот и нелегалната трговија со дрога, ги потврдува нашите заеднички вредности и заеднички цели. Соединетите Држави, исто така, го поздравуваат придонесот на Северна Македонија за меѓународниот мир и безбедност, што се гледа преку Вашата посветеност кон зголемена распределба на товарот.Во годината што претстои, со нетрпение очекувам да го унапредиме нашето партнерство“, пишува во честитката.
Ви посакувам Вам и на народот на Северна Македонија среќен Ден на независноста, се вели во честитката од претседателот Доналд Трамп.