СО НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ПРОТИВ КОРОНАТА Русија маки мачи со пандемијата

Русија денеска има 1.015 смртни случаи како последица на ковид-19, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата. Во последните 24 часа, во неа се регистрирани и 33.740 нови случаи на инфекцијата.

524

Руската вицепремиерка Татјана Голикова ја повика владата од 30 октомври до 7 ноември да воведе неработни денови за да го спречи натамошниот рекорден раст на бројот на новозаразени со ковид-19 и смртните случаи.

Русија денеска има 1.015 смртни случаи како последица на ковид-19, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата. Во последните 24 часа, во неа се регистрирани и 33.740 нови случаи на инфекцијата.






-Регионот крај Москва остана без болнички кревети за пациентите со ковид-19 – изјави денеска гувернерот.

Кремљ со недели наназад им порачува на жителите на Москва и цела Русија поактивно да се вклучат во кампањата на вакцинирање, бидејќи само 32 проценти од руското население е вакцинирано, а руските власти неодамна рекоа дека тоа е „неприфатливо“.

– Постои традиција да се обвинува државата за сè. Се разбира, државата го чувствува и го призна својот дел од одговорноста – изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, признавајќи, сепак, дека можело да се стори повеќе за на јавноста да ѝ се објасни важноста на вакцинацијата.

– Но, сега ни треба одговорен однос на сите наши граѓани. Сите ние мора да покажеме одговорност и да се вакцинираме – потенцираше Песков.

Поврзани содржини