СО НАРОДНИ ПАРИ ЌЕ ПЛАЌААТ НИВЕН ЕКСПЕРТ КОЈ ГО ВЕЛИЧА ПУТИН Мицкоски одговори на прашањата за уставните измени, Бехтел и Енка и за клиничкиот центар
Од друга страна имаме политичари кои што ги номинираат, коишто не само што ја анатемизираат Руската федерација и Путин туку се и онака барем во јавноста, но гледате на дело тие номинираат возљубеници во ликот и делот на Руската федерација и господинот Путин, ние ќе треба да ги плаќаме тие експерти, изјави Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали очекува исход од работната група за уставни измени ако се земе во предвид и информацијата која денеска ја наведе потпретседателот на партијата, Александар Николоски дека Јагода Митревска, наводно вљубеник во Русија ќе биде дел од таа група за уставни измени, потенцираше дека темата за уставни измени за ВМРО-ДПМНЕ е затворена.
– Јас не ја коментирам, за нас тоа е затворена тема, но оттаму има членови кои што еве вие самите кажавте дека го величаат делот на господинот Путин, претседателот на Руската федерација. Од друга страна имаме политичари кои што ги номинираат, коишто не само што ја анатемизираат Руската федерација и Путин туку се и онака барем во јавноста, но гледате на дело тие номинираат возљубеници во ликот и делот на Руската федерација и господинот Путин, ние ќе треба да ги плаќаме тие експерти – рече Мицкоски на денешниот симболичен марш до комплексот Македонско Село со кој партијата го прослави Денот на планетата Земја.
Во врска со ова информација Мицкоски изјави дека повеќе од јасно е од каде потекнуваа таа госпоѓа, како се стекнала со звањето и како доаѓа да таа учествува во таа работна група.
– Ако ја погледнете биографијата на таа госпоѓа ќе ви стане јасно од каде потекнува, како се стекнала со звањето и како доаѓа да учествува во таа работна група. Исто така и семејните стебла, тука се едно семејно стебло кое што е по вертикала со ДУИ поврзано, друго семејно стебло кое што се родени да бидат функционери и да бидат на грбот на граѓаните е на СДСМ, или е уставен судија или е градоначалник, или е директор, или е во некоја комисија и зема илјадници евра народни пари, отприлика така функционира владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДС – кажа Мицкоски.
Шајка не заковаа, за Кличнички ќе плаата пенали од 20 милиони евра
На прашање за Клиничкиот центар кој власта повеќе време го ветува Мицкоски вели:
– Тие шајка не заковаа, а камоли па да зборуваме за Клинички Центар, но ако бидеме сериозни ќе треба да се соочиме со фактот дека ќе треба вие да платите 20 милиони евра пенали кои што италјанската компанија ги бара за раскинатиот договор за Клиничкиот Центар кој што беше потпишан во 2017 година, е тоа е реалноста. Нивната поврзаност со Клиничкиот Центар покрај тоа што бевме најслаби во справувањето со ковид пандемијата, најлоши убедливо е и пеналите кои што вие сега треба како граѓани да ги плаќате. Зошто? Затоа што некој имал хир и прво мислел дека тој проект може да го гради на една локација, па на друга, па на третa, па во суштина шајка не заковаа. Ете отприлика ова е реалноста и поврзаноста на владата на ДУИ и СДС со проектот за Клинички Центар – рече Мицкоски.
Нема проект, ниту траса за Коридорите, допрва ќе бараат парцели
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше и за спорниот договор на Владата со „Бехтел и Енка“.
– Па, нема уште долго време да видиме градежни активности на терен затоа што вие и од владата го слушнавте тоа што ние го зборуваме цело време, а тоа е дека не се подготвени и немаат проекти, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став откако вчера наместо градежни активности на коридорот 8, Министерството за транспорт и врски пушти само соопштение.
Мицкоски откри и нов момент од договорот на владата со „Бехтел и Енка“, потенцирајќи дека владата бара измени на законот за градење, односно да почнат со проектот без претходно да добијат дозвола за градење односно без основен проект кој што би бил ревидиран и придружен заедно со сите оние одобренија кои што следат согласно законот.
– Тие самите кажаа дека сега е процесот на кој што сега они ќе го формираат градилиштето. А што значи тоа? Ќе бараат парцели каде што ќе ги одложат градежните машини и алати, парцели каде што ќе се изградат живеалишта претпоставувам за работниците кои што планираат да ги донесат од надвор. Потоа од она бледо соопштение од Владата слушнав дека допрва ќе биде снимањето на терен, тоа се оние геолошки и геотехнички истражни работи, како што се геологијата, како што е идентификувањето на катастарските парцели, односно дефинирање на трасата бидејќи трасата сè уште не е дефинирана. Па дури потоа следи изработка на основен проект, а откако ќе биде изработен основниот проект, ревизија на истиот, па пота дури аплицирање за одобрение на градба заедно со сите оние придружни дозволи. Така би требало да биде согласно Законот за градење. Што бара владата односно кои се измените кои што тие ги бараат? Да речеме во Законот за градење бараат да го почнат проектот без дозвола за градба. Вие ако сакате да почнете градба на куќа или на било што, вие мора да извадите дозвола и да добиете одобрение за градење. Но, тие сакаат овој историски проект како што тие го нарекоа да го отпочнат без одобрение за градба, односно без основен проект кој што би бил ревидиран и придружен заедно со сите оние одобренија кои што следат согласно законот – истакна Мицкоски.
Од денес стартуваат пеналите, еднократно ќе треба да се платат 53 и уште 2 милиони евра секој месец!
На прашањето дали тоа значи дека од денеска почнуваат да течат роковите и дека со тоа државата ќе плаќа пенали, Мицкоски одговори:
– Да, денеска поминуваат 45 дена од денот на потпишување. Законот за работни односи не е сменет, односно работната недела е 40 работни часа, не е 60 како што тоа е предвидено во договорот и од денеска стартуваат пеналите, односно еднократно ќе треба да платите 53 милиони евра на Бехтел и Енка, а потоа секој месец ќе треба да плаќате по повеќе од 2 милиони евра за секој ден, секој месец што се доцни вие граѓаните. Зошто? Затоа што некој одлучил да ве краде. И затоа ја повикувам македонската јавност да застанат против ова историски зло дело, а не историски проект – подвлекува Мицкоски.