Со надлетување над Скопје утре ќе се прослави „Денот на Воздухопловен ВИНГ“

Се надеваме дека граѓаните на град Скопје ќе уживаат во прелетот на воздухопловите на Армијата на Република Северна Македонија - се вели во соопштениетот од ВИНГ.

558

По повод „10 Јуни – Ден на Воздухопловен ВИНГ“ во текот на утрешниот ден се планира надлетување над градот Скопје со група на воздухоплови, во период од 12:00 до 13:00 часот.

Според информацијата, групата ќе биде формирана од 9 воздухоплови и е планирано да лета во формација 3-2-2-2 и тоа:






3 хеликоптери Ми-17 – водител на група
2 хеликоптери Ми-24
2 хеликоптери Bell-206
2 авиони ZLIN-242L

– Се надеваме дека граѓаните на град Скопје ќе уживаат во прелетот на воздухопловите на Армијата на Република Северна Македонија. Воедно, од името на сите припадници на Воздухопловниот ВИНГ, во време на светската пандемија од ковид-19, на граѓаните на Република Северна Македонија им посакуваме да останат во добро здравје и ведар дух, да ги почитуваат препораките за заштита, а на сите заболени им посакуваме поскоро оздравување и закрепнување – се вели во соопштението од Воздухопловниот ВИНГ.

Поврзани содржини