Во Прилеп вчера околу 18.10 часот на ул. „Димо Наредникот“ мопед управуван од засега непознат возач удрил во пешакот А.А.(18) од Прилеп и го напуштил местото.
Од ударот А.А. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп. ,