СО МНОГУ ПАРИ СЕ КУПУВА И ТОА ШТО НЕ СЕ ПРОДАВА Саудиска Арабија сака место во европската Лига на шампионите
Шампионот на Саудиска Арабија преку „вајлд-карта“ треба да добие право на настап во најсилното европско натпреварување кога ќе почне новиот формат на Лигата на шампионите.
Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија започна преговори со УЕФА за да имаат свој претставник во европската Лига на шампионите од сезоната 2025/2026.
Како што пренесува порталот „Calcio e Finanza“, целта е шампионот на Саудиска Арабија преку „вајлд-карта“ да добие право на настап во најсилното европско натпреварување кога ќе почне новиот формат на Лигата на шампионите.
Од сезоната 2025/2026 повеќе ќе нема групи во ЛШ, туку во ова натпреварување ќе играат 36 клубови, кои ќе формираат единствена табела, а секој тим ќе одигра осум натпревари – четири дома и четири на гости – во период од десет недели.
Осум екипи ќе одат директно во осминафиналето, за другите осум места ќе разигруваат екипите пласирани од 9 до 24 место на табелата, додека последните осум ќе испаднат.
Тимовите од Саудиска Арабија веќе играат во Азиската Лига на шампиони и Арапската Лига на шампиони.