Со минута молчење започна 10-дневната жалост во Шпанија (ВИДЕО)

Премиерот Педро Санчез, членови на парламентот, медицински лица и луѓе на улиците застана и молчеa во чест на починатите.

225

Националните знамиња на повеќе од 14.000 јавни згради во Шпанија беа спуштени денес на половина, кога во земјата започна 10-дневната жалост во знак на сеќавање на починатите од новиот коронавирус ковид-19.






Кралот Филип Шести се приклучи на едноминутното молчење во 12 часот напладне, кога Шпанците им оддадоа почит на повеќе од 27.000 жртви на вирусот. 80% од смртните случаи на ковид-19 се стари над 70 години.

Премиерот Педро Санчез, членови на парламентот, медицински лица и луѓе на улиците застана и молчеa во чест на починатите, како и фудбалерите на Реал Мадрид.

Кога во Шпанија се укинуваат строги рестриктивни правила, се очекува кралот да одржи меморијал во спомен на оние што починале од оваа инфекција.

Во Шпанија немаше толку долго жалост од обновувањето на демократското владеење во 1978 година. Три години порано беше прогласена 30-дневна жалост за смртта на диктаторот генерал Франко. Тридневен период на жалост беше објавен во март 2004 година, во спомен на скоро 200 лица кои во Мадрид загинати во терористичкиот напад извршен од Ал Каеда.

Од почетокот на ширењето на ковид-19 во Шпанија, идентификувани се повеќе од 236.000 случаи, починале 27.117 пациенти. Кон средината на март, во земјата беше воведен карантин за да се ограничи ширењето на болеста. Ова овозможи да се ограничи движењето на жителите низ целата земја. Бидејќи ширењето на коронавирусот во Шпанија се намали, властите на кралството постепено ги олеснуваат рестриктивните мерки.

Поврзани содржини