Со милион евра Вардар ќе обезбеди гаранција за настап во ракометната ЛШ

Вардарци се во група со Елверум, ПИК Сегед, Кил, Монпелје, Мешков Брест, Загреб и Алборг.

367

Двократниот европски првак, Вардар и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Раководството на македонскиот ракометен великан обезбеди еден милион евра, потребни како гаранција за непречен настап во елитното натпреварување за сезоната 2021/22.

Повеќе македонски медиуми денеска објавија дека претседателот на „црвено-црните“ потврдил за подготвеност да се плати котизацијата во ЕХФ.






Крајниот рок за уплата на еден милион евра е 27 јули.

Вардарци се во група со Елверум, ПИК Сегед, Кил, Монпелје, Мешков Брест, Загреб и Алборг.

Новата сезона во ЛШ македонскиот тим треба да ја почне во средината на септември.

Поврзани содржини