„СО МИЦЕВСКИ ЌЕ ИЗГРАДИМЕ СОПИШТЕ КАКВО ШТО СИТЕ ПОСАКУВАМЕ“ Мицкоски присуствуваше на промоцијата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Народот е обединет и сплотен, нè очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште. Ветуваме реализација на многу проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата, ќе создадат нови можности за младите и ќе придонесат за економски развој и модернизација на општината, напиша првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ за промоцијата на кандидатурата на Јане Мицевски за градоначалник на Сопиште.

357

 






Мицевски им се заблагодари на Мицкоски и на граѓаните за присуството, велејќи дека настанот е потврда за континуитетот, визијата и идејата за развој на модерна и урбана Општина Сопиште.

„Благодарност до Вас граѓаните на општината. Ние сме победничкиот тим, ние ќе победиме, заедно со победничката советничка листа и носителот Јасмина Паметковска, заедно со Вас граѓаните. Општина Сопиште ќе биде во сигурни раце!“, напиша Мицевски во врска со промоцијата.

 

Поврзани содржини