Со месеци составувала сложувалка од 9.000 парчиња, а за миг сè падна во вода (ВИДЕО)

Се започна невешто, но жената од Бризбејн покажа неверојатна упорност и кон средината на август, успеа да стигне до крајот.

644

Една Aвстралијка ја искористи епидемијата на коронавирус и неколкуте месеци, скоро постојан престој во домот, за да реши една сложувалка од 9.000 парчиња.

Се започна невешто, но жената од Бризбејн покажа неверојатна упорност и кон средината на август, успеа да стигне до крајот.






Таа самата не можеше да верува дека ја составила сложувалката од 9.000 парчиња, а нејзината ќерка сакаше да го овековечи овој момент.

Со цел и тој уште повеќе да го зацврсти чувството за успех, зетот сакаше да ја подигне сложувалката од масата за да може „подобро да се види“.

Многу глупава идеја, бидејќи во момент неколкумесечната работа падна во вода.

Не е познато како реагирала жената и што кажала на нејзиниот зет, но барем била утешна од тоа што има снимка како доказ дека успеала да ја состави.

Поврзани содржини